СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишен охриѓанец за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој се товари дека во периодот од 2008 до декември 2011 година  узурпирал недвижност од околу 220 метри квадратни, сопственост на Р Македонија, а за која истата година пријавениот со правосилна судска пресуда бил задолжен да ја  врати во сопственост на државата. И покрај ваквата пресуда,  во декември 2010 година, пријавениот повторно го узурпирал земјиштето и бесправно изградил доградба на веќе постоечкиот објект, соопшти полицијата.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против сопственик и правно лице за сторено кривично дело „повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“. На 21.10.2011 година, од страна на полициски службеници во содејство со претставници од Координативното тело за интелектуална сопственост, при извршена контрола во компанијата сопственост на пријавениот биле пронајдени четири дигитални ресивери, со кои осомничените без да поседуваат одобрение неовластено дистрибуирале заштитени телевизиски канали преку кабелска мрежа, информира МВР.

OhridNews