Охриѓанецот Енгин Реџеп (17) ќе замине во кампот на данскиот Оденсе каде десетина дена ќе биде дел од нивниот летен камп. За капитенот на охридскиот подмладок ова ќе биде второ интернационално искуство по ланското кога беше на турнир во Холандија.


– Возбуден сум пред моето заминување во Данска. Искрено не знам што ме очекува таму, но подготвен сум да дадам се од себе за да се наметнам кај нивните стручњаци– вели Реџеп.

Реџеп е крилен напаѓач, кој преферира да игра со левата нога. Потекнува од охридската фудбалска школа, беше дел од поширокиот список на У16 репрезентацијата.

Капитенот на младинската школа, сезонава забележа еден настап за сениорскиот тим.

М.П.