Централниот Комитет на Унијата на млади сили -УМС на ВМРО-Народна партија на вчера одржаната седница во Скопје го избра своето раководство и донесе насоки и цели за понатамошно делување.

-На седницата од 65 членови на Централниот Комитет пристуствуваа 55. Со 55 гласа ЗА, ниту еден против и воздржан за нов претседател на УМС на ВМРО-Народна партија беше избран досегашниот портпарол на ВМРО-Народна партија Дино Блажески, со истото мнозинство гласови за потпретседател е избран Мартин Додевски од ОК Охрид, додека за нов секретар на УМС на ВМРО-Народна партија е избран штипјанецот Дарко Пешевски, информираат од ВМРО НП.

На седницата бил избран и новиот Извршен Комитет на Унијата на Млади сили.

OhridNews