Вчера, околу 21.40 часот во Охрид, на улицата „Сатеска“, 36- годишен охриѓанец, додека поправал антена на балконот од зградата на вториот кат каде што живеел, се лизнал и паднал на земјена подлога при што се здобил со тешки телесни повреди.

Повредениот бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св.Еразмо“, од каде поради сериозноста на повредите е пренесен во Скопје.

Како што информираат од МВР,лицето се наоѓа во животна опасност.

OhridNews