СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г. (26) од Охрид, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Во мај 2011 година во Охрид бил извршен претрес на пријавениот при што биле пронајдени и одземени 14,8 грама наркотична дрога-марихуана, а при информативниот разговор тој посочил дека во  во неговиот дом му овозможил на лице  од Охрид да користи наркотична дрога-марихуана. 

OhridNews