Деновиве на „youtube“, младиот охридски музички талент Александар Јосифовски го објави својот најнов сингл.

По преработките на хитовите „Brod u boci“ и „Trag u beskraju“ на Оливер Драгоевиќ, овојпат тој се одлучи за безвременскиот „Do I have to say the words“ на големата рок ѕвезда Брајан Адамс.

Јосифоски за OhridNews открива дека до крајот на оваа календарска година треба да биде промовиран деби-албумот со авторска музика, кој ќе биде на англиски јазик.

Инаку, во периодот кој претстои младиот охриѓанец ќе настапи во три градови во Австралија, како дел од најавената прекуокеанска турнеја.

OhridNews