Официјално на youtube излезе најновиот видео-запис на култниот босански бенд Дубиоза Колектив и охриѓанецот Антонио Ристески, за  песната „Kažu”.

Видеото е снимано во Градскиот трговски центар во Скопје, пред настапот на босанските „фанкери“ на Таксират фестивалот.

Инаку, Ристески кој е апсолвент на џез контрабас на штипскиот Универзитет, моментално работи на проектот „Само Тони и Две жени“, a автентично за него е тоа што истовремено свири на гитара, тапани, усна хармоника, казу и бас гитара.

Досега, нашиот сограѓанин има настапeнo на повеќе манифестации ширум земјава, како Виноскоп во Скопје, Баскерфест Македонија, Фестивалот Т’к так во Кавадарци, вкулучувајќи ги и настапите со Сашо Гигов-Гиш во Домот на млади во Штип.

OhridNews