Новото име во македонскиот национален ракометен состав Ристе Арнаудовски се најде во центарот на вниманието по блиската средба со хрватскиот стручњак Ирфан Смајлагиќ, по која хрватот завршил во болница. Нетрпението меѓу нив двајца тлеело подолго време, Арнаудовски бил револтиран од односот на тренерот кој одлучил да го прекомандува бекот во вториот тим по што побарал исписница од клубот.


Но Арнаудовски , охриѓанец по потекло “полудел” кога му било соопштено дека нема да може да и се приклучи на македонската репрезентација за престојниот турнир Карпати. – Ристе е многу мирен и доста толерантен, но по тој разговор експлодирал, долго време чекаше повик за македонскиот национален состав и по никоја цена не сакаше да го пропушти – велат за Ohridnews од неговото семејство.

Арнаудовски ќе и се приклучи на репрезентацијата која заминува за Романија, под водство на в.д селекторот Звонко Шундовски.

М.П.