Во музичката Академија на Бруклин, во преполниот „BAM cafе“ охриѓанецот Четкар и неговиот бенд ја воодушевија пребирливата њујоршка публика.


Четкар се претстави како гитарист, вокалист и композитор а беше придружуван од Милан Милановиќ на пијано, Арон Стил на тапани и Мото Фукушима на бас.


На концертот присуствуваше и македонскиот амбасадор Зоран Јолевски кој со своето семејство специјално допатува од Вашингтон за оваа пригода.

ohridNews