-ПРС гитарата има 13 комбинации и се приспособува кон речиси секој стил на музика, токму тоа што ми треба. Моделот е со патентиран ПРС систем и има одлични карактеристики, вели Дамјан.
Инаку Дамјан Пејчинсоки е единствениот ексклузивец на „ПРС“ на Балканот, за кого оваа компанија специјално изработила гитара.
Покрај „ПРС“ талентот на Дамјан го препознаа и компанијата за гитарски ефекти „ARTEC“ и “Reunion Blues” со кои тој потпиша договори за спонзорство пред една недела.
Дамјан Пејчиноски кој се смета за наследник на легендарниот Влатко Стефановски веќе и е добро познат на светската музичка јавност. Добитник е на повеќе награди и признанија во земјава и надвор од неа, а неговото време допрва доаѓа.