Охриѓанецот Христијан Димоски постигна погодок во победата од 2-1 на аматерската репрезентација на Македонија против прволигашот Турново во рамки на подготовките за престојните квалификации.Аматерската фудбалска репрезентација на Македонија во септември во Струмица и Турново ќе биде домаќин на Северна Ирска, Естонија и на Шведска во група од Купот на региони на УЕФА.
Ова ќе биде второ учество на македонските аматери на ова натпреварување, откако лани воопшто не се прославија во Сан Марино.












