Познатиот охридски хотелиер и долгогодишен прв човек на ХОТАМ, Дончо Таневски, е добитник на наградата „личност на годината“ која ја доделува Меѓународниот центар за развој на туризмот и угостителството САЦЕН.

Одлуката, како што пренесуваат новинските агенции, ја донела жири комисијата на САЦЕН денеска во Белград. Признанието на  Таневски ќе му биде врачено на 22 мај на состанок на туристички работници од 15 држави од Југоисточна Европа.

Наградата „личност на годината“ за Танески е една од 15-те што се доделуваат за туристички работници во регионот на ЈИЕ, што е големо признание за македонскиот туризам.

Ohridnews