На државното првенство во боди билдинг што вчера се одржа во Гевгелија, охриѓанецот Гоце Мојсоски стана апсолутен шампион на Македонија, а триумфираше и во својата категорија.

Мојсоски веќе неколку години е во врвот на боди билдингот во Македонија, а со успех настапува и на интернационални натпревари. Во 2011 тој се пласираше во финалето на изборот за мистер на убавина – „Manhunt international 2011“, што се одржа во Сеул, Јужна Кореја.
OhridNews