Охриѓанецот Гоце Мојсоски се пласираше во финалето на изборот за мистер на убавина – „Manhunt international 2011“, што се одржа деновиве во Сеул, Јужна Кореја, пренесува „Утрински весник“.


извонреден успех на 27-годишниот Гоце Мојсоски

Победник на натпреварот на кој учествуваа 80 мистери од исто толку држави од светот е претставникот на Кина, за прв придружник избран е претставникот на Доминиканска Република, а втор мистерот на Белгија.

Со влезот помеѓу 16-те најубави, Гоце, кој ја претставуваше Македонија во Сеул, направи голем успех оценуваат од Модното студио „Црнокрак“ кое ја има лиценцата за учество  на светскиот избор на машка убавина.

OhridNews
извор: „Утрински весник“