На 31-ви декември, охриѓанецот Јане Наумоски кој живее и работи во главниот град, успешната година ја заокружи со креативно дело насловено како „365 photo project“.

последната објавена фотографија

Всушност се работи за објавување по една фотографија на блoгот (http://photo.pcklab.com) направена во текот на истиот ден, односно 365 фотографии за 365 дена.

Како што вели нашиот сограѓанин, за реализација на фото-проект за кој е потребно да се одвојува време секој еден ден, неопходни и мошне позначајни се љубовта кон фотографијата, посветеност кон подобрувањето на фотографските вештини и, секако, оддржлив ентузијазам.  

Во најголем дел, фотографиите се посветени на убавината на обичното, на секојдневието, која, најчесто, ја земам(е) здраво за готово и, на тој начин, станува незабележлива. Се обидов да опфатам што е можно повеќе мотиви, меѓутоа, како што течеше реализацијата на проектот, утврдив дека некои мотиви ме интересираат повеќе од други, на пример, храна, портрети и концептуална фотографија. Вкусовите на јавноста се, секако, разнолики, па различни фотки наидуваат на различен прием.“ – вели Наумоски.

Инаку, неоддмана Јане Наумоски се стекна со награда за најдобар фото-блог за 2013-та година, признание кое го доделуваат „Блогираме“ и македонската „Тwitter“ заедница.

O.T.