Охриѓанецот Левент Рифат го освои второто место во категорија јуниори на триатлонот кој викендов се одржа во Струга.

Челнот на ВК “Зш Точак“ се пласираше зад Лука Гаревски од “Софка“, додека трет заврши Костадин Несторов од скопскиот клуб.

На триатлонот во машка конкуренција најуспешен во категоријата сениори беше Стојан Попоски. Второто место му припадна на Иван Михајлоски од Скопје, а трет беше стружанецот Никола Кутаноски.

Кај жените најдобра беше Билјана Митреска од Струга, а второто место го зазеде Верица Митреска.

Кај кадетите првото место го освои стружанецот Никола Џутески, а втор беше Ристе Башуроски, исто така од Струга.

Во категорија до дванаесет години во машка конкуренција најдобар беше Цветко Митрески, а во женска првото место го освои Викторија Нестороска.