– Во втората сезона каде што сум тренер и играч на екипата „Железарец“ го постигнавме успехот од минатата сезона, но зачинето со неколку рекорди кои во догледно време тешко ќе ги стигне некој – рече Левески.
Во триесетте натпревари кои ги одиграа фудбалерите на „Железарец“ во футсал лигата забележаа 28 победи и два пати ремизираа. Гол разликата беше импозатна изразена од 115 голови, а истиот ритам “зелено белите“ го задржаа во Купот каде стигнаа до титулата.
– Како играч сум презадоволен од успесите, а како тренер сум фасциниран. Како фудбалер сум бил многу клубови, но во „Железарец“ другарството, желбата, волјата и дисцлиплиниата ни се движечка сила до овие успеси – заврши Левески.