Екипата на Железарец со победата во финалето на Футсал Купот на Македонија стигна до двојната круна оваа година , со што ја потврди доминацијата во домашниот Футсал.
Во натпреварот кој што се одигра во спортската сала “Гемиџии” во Велес , Железарец стигна до рутинска победа со добра игра во второто полувреме кога успеа да постигне 3 гола и да ја освои својата трета титула во Купот на Македонија во Футсал.
Железарец го совлада тимот на СЕЕ Университи – Тетово , благодарение на головите на Левески(22), Јовановски (35) и Петровиќ (38).
фото “ФФМ”
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com