Охриѓанецот Зоран Левески со својата екипа Железарец ја одбранија титулата во футсал шампионатот.


За Левески, кој е предводник на “зелено белите“ ова шеста титула во Македонија, а четврта со Железарец додека за тимот оваа петта круна по ред.



– Сезонава полесно од очекувањата стигнавме до титулата во македонскиот футсал шампионат. Ги срушивме сите рекорди што можат да се достигнат и поставивме високи цели во футсалот во нашата земја –
рече Левески.

В сабота во Пробиштип, екипата на Железарец во финалето од Купот на Македонија ќе има шанса да ги обедини титули, а за противник го имаат тимот на Биџо од Куманово.

Мх.П.