Капитенот на македонската футсал репрезентација, Зоран Левески е пред преселба во Кина. Екипата Ченгду Ронгчао испратила понуда до Левески да потпише договор и кариерата да ја продолжи во далечниот исток.

– Понудата е официјална. За многу кратко време треба да одговорам. Моментално сум тренер и играч во Железарец па треба да се најде соодветна замена да можам јас да продолжам во Кина – рече Левески.

За охриѓанецот Левески преселбата во Кина нема да е ништо непознато. Тој пред две години настапуваше за тимот на Ал Садака во азиската Лига на Шампиони.

Мх.П.