Охриѓанецот Зоран Левески со македонскиот футсал првак обезбеди пласман во втората рунда од квалификациите за Лигата на шампиони.

Левески беше стрелец на првиот гол во победата од 3-1 во последното коло над Даниловград (Ц. Гора). Норвешкиот првак КФУМ Осло ги заврши натпрварите од групата со 7 бодови, но македонскиот првак оди понатаму поради подобра гол-разлика.

Во втората рунда Железарец ќе игра во Првата група, чиј домаќин е Слов-Матик од Братислава, а натпреварите се од 25 септември до 3 октомври.

Во оваа група се уште носителот Спортинг (Португалија) и Кобарид (Словенија). Првите две екипи од шесте групи одат понатаму, каде ќе им се приклучат бранителот на титулата Бенфика и топ-носителите Виз-Синара Екатеринбург (Русија), ЕлПозо Мурсија (Шпанија) и Каират Алмати (Казахстан).

М.П.