Годинава, наградата се доделуваше во три категории- Дипломатија од добра волја, категорија туризам , извоз и претприемништво и категорија уметност и наука.
Освен Јузмески, “Најдобри промотори на Македонија за 2011” се и Симон Трпчески во категоријата уметност и наука, Македонската кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов кој освои најголем број гласови од јавното гласање.
Наградите ќе бидат доделени на 14 март годинава.
Жирито реши да даде и три еднакви награди за животно дело, на Вирџинија Еванс, Градимир Панков и Симон Трпчески за своите многугодишни, врвни достигнувања и дејност. Додатни награди, признаени од организаторите, им се доделени на Никола Маџиров, Македонската кошаркарска репрезентација, Симон Трпчески, Игор Киров и Лутс Домел.
Наградата за најдобар промотор на Македонија е иницирана од проектот „ Macedonia loves you“ – , чиј иницијатор е Станислав Пигон. Годинава се доделува по втор пат.
Наградата за најдобар промотор на Македонија е едноставна замисла да им се оддаде признание на луѓето што Македонија ја носат во своите срца и им пренесуваат на другите да се вљубат во Македонија. Наградата е воведена за да се препознаат постигнувањата на извонредните луѓе од различни професии, од целиот свет, кои имаат една заедничка цел: промоција на Македонија.
.