Годинава, наградата се доделува во три категории- Дипломатија од добра волја, категорија туризам , извоз и претприемништво и категорија уметност и наука.
Наградата за најдобар промотор на Македонија е иницирана од проектот „ Macedonia Loves You“ – , чиј иницијатор е Станислав Пигон. Годинава се доделува по втор пат.
Наградата за најдобар промотор на Македонија е едноставна замисла да им се оддаде признание на луѓето што Македонија ја носат во своите срца и им пренесуваат на другите да се вљубат во Македонија. Наградата е воведена за да се препознаат постигнувањата на извонредните луѓе од различни професии, од целиот свет, кои имаат една заедничка цел: промоција на Македонија.