Осум годишниот Константин Лушески од охридскиот шаховски клуб “Ласкер“ го освои третото место на Отвореното младинско првенство кое се одржа од 17 до 20 јануар во организација на тимот “Гамбит- Ассеко- Сее“.

На шампионатот натпреварувачите беа поделени во четири категории и тоа до осум, десет, дванаесет и осумнаесет години. Поради немање на финансиски средства охридскиот клуб “Ласкер“ настапи со само еден преставник.

Ohridnews