Охриѓанецот Ристе Маркоски се најде на списокот од 21 фудбалер кој селекторот Чедомир Јаневски ги повика за пријателскиот натпревар со Полска во Анталија, Турција.
Од назначувањето за шеф на стручниот штаб на македонската селекција, Јаневски констатно ги следеше натпреварите во Првата македонска фудбалска лига.
Напредок сезонава изненадува со добрите игри и резултати затоа стигна оваа награда за охридскиот фудбалски бисер Маркоски како и за тренерот на кичевчани Драган Бочески. Со Маркоски од кичевскиот прволигаш повикани се Марко Симоновски, Филип Најдовски и Петрески Владимир.
Во составот најмногу фудбалери има од лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Вардар пет додека од македонскиот шампионат на списокот се најдоа уште фудбалери од Пелистер, Хоризонт Турново, Шкендија, Работнички и Брегалница. Натпреварот против Полска се игра на 14 декември во турскиот центар Анталија.
Составот : Наумовски Кристијан Динамо Букурешт (Романија), Димовски Стојан (Хоризонт Турново), Божиновски Даниел (Силекс), Брдаревски Владица (Работнички), Китановски Томе (Пелистер), Бериша Седат (Шкендија), Мојсов Даниел Војводина (Србија), Димитровски Владимир (Работнички), Цикарски Мите (Вардар), Стјепановиќ Остоја (Вардар), Ранѓеловиќ Предраг (Вардар), Најдовски Филип (Напредок), Неџипи Ндерим (Шкендија), Блажевски Дејан (Хоризонт Турново), Петрески Владимир (Напредок), Митров Иван (Брегалница Штип), Ѓоргиев Драган (Вардар), Ејупи Музафер (Шкендија), Костовски Јован (Вардар), Симоновски Марко (Напредок), Марковски Ристе (Напредок).
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com