По повод одбележувањето на 13 ноември, денот на ослободувањето на Град Скопје, во центарот на градот се одржа ноќна улична атлетска трка“13-Ноември”. Се одржаа две трки, на 1200 метри и 3600 метри, на кои учествуваа 110 натпреварувачи од цела Македонија. Во трката на 3600 метри победи Ѓорѓи Трендафилов, додека во женска конкуренција на 1200 метри победи Александра Митреска, а на 3600 метри Христина Ристеска.
Покровител на трката беше градот Скопје, а
организатори сојуз на спортови на Скопје и Атлетскиот Клуб
“Работнички”.










