Младиот охриѓанец Петар Маркоски, вечерва ќе настапи во финалето на музичкото шоу „Потрага по ѕвезда“, што ќе се одржи во Универзалната сала во Скопје.

Петар со одличниот настап во претходните изданија на шоуто ги придоби симпатиите на публиката, од која  вечерва ќе му биде потребна голема поддршка.

Покрај охриѓанецот Петар Маркоски, во финалето уште ќе настапат и Тодор Стефанов, Елена Петрушева, Сара Маркоска, Зоран Илиев, Евгенија Чанчалова, Љупка Најдановска, Филип Божиновски, Симона Димитрова и Мања Софрониевска.

Ќе победи оној кој ќе освои најмногу гласови од публиката и стручното жири.

Телефонскиот број на кој можете со СМС порака да му ја дадете поддршката на охриѓанецот Петар Маркоски е 070/ 142 515 – со текст 7. Цената на пораката е 5,9 денари со ДДВ.

OhridNews