Охридскиот естраден уметник, Петар Нечовски, изминативе неколку недели настапи во повеќе градови ширум САД, како дел од прекуокеанската турнеа 2014 година.
Нашиот сограѓанин, ги забавуваше Македонците во Мајами, Дејтона, Орландо и Тапма, Флорида, а претходно на два наврати настапи во далечниот Нов Зеланд.
Инаку, изминатата 2013, Нечовски го одбележа својот 35 годишен творечки опус, односно 100-тиот фестивалски настап во земјава и ширум светот.
OhridNews