„SuperBoy е приказна во која едно 10 годишно дете, Марио за прв пат открива кој е Супермен и која е неговата моќ. Детската фантазија е без лимит, исто така и тврдоглавоста и инаетот за да се успее да се реализира тоа што ќе се замисли. Марио има само една желба, да биде Супермен“. Ова е лајт мотивот во најновиот филм на охридскиот режисер Илија Пиперкоски насловен како SuperBoy, што започна да се снима деновиве во Романија.
-Ова сценарио го имам напишано пред неколку години, но бидејки продуцентската тежина на филмот како и големината на буџетот, не ми “дозволуваа” да го снимам тогаш, бев со надеж дека во иднина ќе дојде денот кога ќе можам да го снимам тоа сценарио. Денес, кога филмската технологија е подостапна и дозволува висок квалитет со минимални трошкови, а во исто време да се има и одлична екипа, тогаш се е можно, изјави за OhridNews Пиперкоски.
Премиерата на најновото филмско остварување на Пиперкоски се очекува кон крајот на годината.