Охриѓанецот Енгин Реџеп е дел од поширокиот список на фудбалската репрезентација за играчи под 15 години која викендов ќе има собир во Струмица.– Чест и задоволство за нас како клуб преставува тоа што наш фудбалер ќе ги брани боите на македонската фудбалска репрезентација. Со Енгин во Струмица денес ќе заминат и преставници на ФК Охрид кои ќе бидат со него за време на престојот – рече секретарот на клубот Милчо Ристески.
Енгин кој потекнува од охридската фудбалска школа првите чекори ги направи кај Гони Мерко, а успешно работата со генерацијата која бележи одлични резултати ја продолжи Ѓоце Крстаноски.










