Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на 16 и 18 мај во Скопје ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата на Азербејџан. Место меѓу повиканите репрезентативци на списокот од селекторот Горан Станиќ имаше и за охриѓанецот Стефан Голабоски.
Голабоски првите фудбалски чекори ги направи во фудбалската школа Фер Плеј, а неговиот квалитет го препозна Металург и го ангажираше во своите редови.
Добрите игри во дресот на скопскиот клуб не останаа не забележани и Голабоски на 17 години доби шанса да го облече националниот дрес.
Списокот:
Голмани: Димитрија Герасимовски (Њу Старс), Матеј Андов (Вардар);
Одбрана: Божидар Митревски (Работнички), Стефан Голабоски (Металург), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Борис Јакимовски ( Работнички), Ален Личина (Работнички), Христијан Стојановски (Работнички);
Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Димитар Тодоровски (Работнички), Бојан Димовски (Вардар), Давид Манасиевски (Њу Старс), Кире Трпчевски (Њу Старс), Бесир Бефтијар (Теплице, Чешка), Џемал Ибизи (Металург), Александар Поповски (Металург), Агон Елези (Шкупи);
Напад: Давид Тошевски (Работнички), Куштирм Таири (Шкендија).
OhridNews