Охриѓанецот Томислав (Тони) Тунтев, деновиве успешно ја одбрани докторската дисертација на Техничкиот факултет во Битола, со што се стекна со звање доктор на сообраќајни науки. Со тоа,Тунтев стана првиот доктор на науки во областа на воздушниот сообраќај и транспорт во Република Македонија.


Охриѓанецот Томислав Тунтев – прв доктор на науки од областа на авио-сообраќајот во Македонија

Четириесет и две годишниот Тунтев, е вработен во јавното претпријатие Аеродром Охрид и е ценет експерт од областа на воздушниот сообраќај во Македонија. Покрај научни трудови, Тунтев е автор и на дела од областа на авиосообраќајот и историјатот на аеродромот во Охрид.

Ohridnews