Ракометарите на Охрид во четвртата рунда од шампионатот ќе атакуваат на втората победа. Противник на “гладијаторите“ ќе биде скопски Драчево кој во досегашните три рунди има две победи и еден пораз.

Во составот на Горан Андоновски се враќаат повредените Томовски и Николовски кои го пропуштија мечот во Гостивар.

Натпреварот започнува во 17 часот во СРЦ “Атина Бојаџи“.

Ohridnews