Градот Охрид долги години најавува изградба на катни гаражи. Беа спомнувани локации во централното градско подрачје кај некогашната автобуска станица, потоа пазарот и уште неколку други места. Но таму наместо најавуваните катни гаражи никнаа станбено деловни комплекси. Од општината велат дека стојат на идејата за изградба на катни гаражи со што во голема мера ќе се ублажи проблемот со паркинг простор, но проблем е што градот не стопанисува со градежното земјиште. Најавите се дека општината од 1 јануари ќе влезе во втора фаза од процесот на децентрализација, а наскоро во владение ќе и биде отстапено и државното неизградено земјиште. Веројатно тогаш ќе нема простор веќе за никакви изговори. А доколку надлежните имаат некаква дилема околу тоа дали на Охрид му се потребни катни гаражи, можеби може да помогне анкетата што за сопствени потреби ја спроведе OhridNews деновиве, во која граѓаните недвосмислено го изнесуваат својот став по ова прашање.
Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 14:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Сирма Војвода“, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека екипи на претп...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, пс...
Растот на трговијата и туризмот создава нови можности за поблиска економска соработка меѓу Србија и Македонија во пресрет на EXPO 2027 Белград Овие можности беа во фокусот на настанот „Visit Serbia...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.