На анкетата која ја спроведе OhridNews, поголемиот број анкетирани охриѓани се изјасниле дека се за модернизирање на начинот на наплата за паркирање во Охрид.

На прашањето: Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?, со ДА одговориле 2041 од анкетираните, односно 88%, додека со НЕ одговориле 287, односно 12% од граѓаните.

Од јавното претпријатие „Билјанини извори“ кое стопанисува со паркинзите, современ начин на наплата, најавуваат најдоцна пред почетокот на летната сезона.

– Тендерската документација се подготвува и постапката е при крај по што ќе биде распишан тендер за избор на најповолен изведувач за поставување на современи апарати за наплата со СМС систем, вели директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска.

Наплатата за паркирањето и понатаму ќе се врши според зони.

OhridNews

Следна Анкета: На кое место ќе заврши РК Охрид во плејофот?
(Одговори на дното од страницата)