Охриѓани се задоволни со поставувањето на новиот асфалт на улицата „Јане Сандански“, но граѓаните чии куќи се наоѓаат долж оваа улица велат дека нивото на асфалтот е повисоко отколку тротоарот, со што доаѓа до поплавување на нивните дворови.
„При денешните врнежи, целата вода се слива во дворовите. Апелираме до надлежните да се постави тротоар(се работи за 100метри), со што овој проблем би се решил на една од најфрекфентните улици во градот, а истата би го добила вистинкиот лик.“ – велат нашите сограѓани.
Инаку, асфалтирањето на оваа улица започна пред четири денови, а до крајот на седмицата се очекува да се извршат најавените зафати на улиците “Петрино“, “Богомилска“, “Крум Точков“ и крак од “Васил Стефоски“.
OhridNews