Ѓраганите, изминативе 5 години, го имаа потребното време за замена на старите патни исправи со нови биометриски. Но многумина од нив, се одлучија во последните месеци од истекот на законската одредба, да го сторат тоа. Така, во  текот на годината во Охрид, заклучно со 31-ви октомври, издадени се вкупно 9955 барања, за замена на старите со нови биометриски возачки дозволи.

Според податоците добиени од СВР Охрид, половина од барањата за замена на старите патни исправи, се поднесени во месеците септември и октомври 2012-та година. Само во септември биле доставени 2570 барања за замена на старите возачките дозволи.

-Во месеците септември и октомври оваа година, се зголеми обемот на работа на службениците, поради истекот на законска одредба. Со неа, од 1-ви Октомври оваа година, старите возачки дозволи се неважечи. Поради гужвите кои се создадоа уште на почетокот на летниот период, дел од граѓаните се пожалија на некаков несоодветен ред во работењето. Па така, службата брзо се организира. Во помош беа вклучени и други службеници кои работат во оделот за издавање на лични карти и пасоши. Со ова се создаде баланс, па така од септември, беше воведена и работна сабота, се со цел да им излезе во пресрет на граѓаните. Така, успеавме да ја намалиме гужвата и нервозите кај оние, кои чекаа до послдеден момент за да ги заменат старите возачки дозволи“ – информираат од СВР Охрид..

Оттаму истакнаа дека сообраќајната полиција ќе има максимална толеранција, за оние, кои се уште не ги замениле возачките дозволи. Сепак, согласно законот, се предвидува парична казна од 45 евра во денарска противвредност, за оние кои во иднина ќе бидат затекнати како управуваат моторни возила, без соодветна биометриска дозвола.

Од СВР Охрид упатуваат апел до граѓаните, што поскоро да се заменат старите патни исправи и потенцираа дека процесот на замена, се уште трае без никакви пречки.

О.Т.