,,Црно-бел свет –Европски граници’’, ,,Традиција –транзиција–интеграција’’, ,,Цената за влез на Македонија во ЕУ’’ беа само дел од темите на кои се дискутираше на трибината која се одржа денеска во Охрид, по повод 9-ти Мај – денот на Европа. Трибината која ја организираше Младински Совет Охрид во соработка со Работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“ и локалната иницијативна група на граѓани од Охрид имаше за цел да ги разгледа Европските перспективи на Република Македонија и улогата на локалната заедница кон остварување на Европската агенда.
–Дискутиравме за перпективите на Република Македонија за влез во ЕУ, од охридски апект . Дискутиравме по неколку теми, на прво место ги зедовме младите како целна група и колку на нив им е потребно да влеземе во Европската Унија. Се констатира дека визната либерализација не е причина за младите да бидат помобилни зошто тука има повеќе проблеми кои што допринесуваат младите да останат во државата и наспроти нивната голема желба да ја напуштат нашата земја. Дискутиравме и околу транзицијата и интеграцијата, при што заклучивме дека процесот на транзиција премногу трае, изјави Димче Каневче, претседател на Младинскиот совет од Охрид.
На денешната средба беше претставена и локалната иницијативна група на граѓани, како и иницијативите кои ќе произлезат од оваа група во најскоро време.
На трибината свое учество зедоа претставници на Локалната Самоуправа, Советот на општина Охрид, институции од областа на културата, образованието и здравството, претставници на политички партии, здруженија, ученици-основци, средношколци и студенти, како и членовите на локалната граѓанска иницијатива и медиуми.