Во изминатиот период, момците од „Bottom Time“ – Охрид беа дел од неколку различни меѓународни обуки и истражувања.

Охриѓанецот Александар Булески преку Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија, беше дел од шестата Меѓународна обука за спасување во пештера, која од 13-ти до 21-ви септември се реалзиира во околината на Деспотовац, соседна Србија.

Целта на обуката е јакнење на човечките капацитети за делување во случај на катастрофи, нивна превенција, како и подобрување и проширување на соработката меѓу спелеолозите и спасителите од балканските земји.

Предноста на ваквата обука е во усогласувањето на техниките и стандардите за спасување во пештери, што овозможува подготвеност за заедничко реагирање во случај на катастрофи и несреќи од поголеми размери.“ – велат македонските спалеолози.

На обуката учествуваа 21 лице од девет земји, а истата е во организација на Службата за горско спасување на Србија и Спелеолошката спасителна служба на  Словенија, како дел од иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи за Југоисточна Европа (DPPI SEE), чиј потписник е и Република Македонија.

Исто така, охриѓанецот Никола Паскали преку Музејот „Д-р Никола Незлобински“ од Струга беше дел од напредна обука за подводна археологија која оваа есен се одржа во Лижњан, Хрватска.

Заедно со членовите на Меѓународниот центар за подводна археологија од Задар и Заводот за заштита на културата од Словенија, продолжија истражувањата на два атнички бродови, „насукани“ на влезот од заливот во Лижњан.

Се работи за трговски бродови, кои потекнуваат од првиот односно четвртиот век п.н.е, потонати на длабочина од шест метри и оддалечени 70-тина од хрватското крајбрежје.

Не постои структура на бродот. Сосема е поразлично од кој било друг истражувачки локалитет. Природата ги уништила, луѓето ги девастирарале, а веројатно одземени се доста предмети. Наоѓаме само фрагменти по пукнатините, клинци и неколку керамички делови, воглавно амфори во кои се пренесувало вино. Сето тоа треба да ни помогне да ги одредиме димензиите на бродот.“ – вели Марина Шимичиќ од Меѓународниот центар за подводна археологија од Задар.

Исто така, Паскали беше дел и од јубилејното нуркање по повод 100 годишнината од потонувањето на австрискиот брод „Baron Gautsch“.

Тој бил изграден во 1908 година во Велика Британија, а редовно сообраќај на релацијја Трст-Котор-Трст. На 13-ти август 1914 година потонал шест наутички милји југо-западно од светилниот „Св. Иван“ на Пучини, заедно со 246 патници.

Нашите сограѓани беа дел и од спалеолошки истражувања во околината на селото Трпејца, односно од тренинг камп за обука на техниките на единечно јаже и спуштање во вертикала

О.Т.