Неколку од фудбалерите пак чекаат повик во селекцијата до 17 години, како Енгин Реџеп ,Дејан Мошоски и Христијан Бимбилоски од Металург.
Селектирана е скоро една цела генерација , којa првите фудбалски чекори ги направи кај менторот Гони Мерко. – Искрено горд и пресреќен сум за овие момци. Само со дисциплина и квалитетна работа може да се постигнат вакви резултати. Тие започнаа заедно во категоријата на петлиња ,иако според возраста треба да се натпреваруваат во кадетска конкуренција тие се натпреваруваат во младинска конкуренција каде што се први на табелата. Изборот да бидат дел од овој репрезентативен состав, сигурно е чекор напред кон остварување на нивниот сон – вели Гони Мерко.