Црвениот крст Охрид во соработка со организаторите на турнирот во мал фудбал „Климент Колески“, денеска од 17:00 до 23:00 часот организира крводарителска акција во непосредна близина на фудбалскиот терен, на која покрај учесниците, крв ќе можат да даруваат сите хумани охриѓани и гости.
„Ги охрабруваме и ги покануваме фудбалерите и сите добронамерни и хумани наши сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв на денешната крводарителска акција.“ – велат од Црвениот крст Охрид.
На крајот на фудбалскиот турнир, екипата која имала најповеќе крводарители, ќе биде прогласена за најхумана екипа и Црвен крст Охрид ќе и додели вредна награда.
OhridNews