Победа 24-21 на стартот на пролетниот дел од Првата ракометна лига за охридскиот ракометн тим, кој им се реваншираше на битолчани за поразот во воведната рунда од шампионатот. Триумфот беше извојуван во една беспоштедна ровоска битка, од која “гладијаторите“ излегоа како победници.


Во изминатата недела не одржавме ниту еден тренинг комплетни. Томовски е повреден играше со “една рака“, Николоски е повреден во препоните и едвај го одигра мечот, додека Поп Стефанија, Андоновски и Митрески поради обврските на факулет беа во Скопје.Тотално бевме хендикепирани , но момците смогнаа сили и успевме да забележиме значајна победа. Одиме понатаму , повредите се минато, и ако мене ме прашувате подобро да се повредени прво коло, отколку четврто, петто коло – вели тренерот на охриѓани, Горан Андоновски.


Стратегот на екипата на Пелистер Јуниор која практично е втор тим на некогашниот ракометен гигант Пелистер, смета дека неискуството го одлучило победникот. – Се играше добар ракомет, течно и од едната и од другата страна. Ние го плативме данокот на неисукусво, прв пат играме во оваа лига досега игравме во младинските лиги но тоа воопшто не е исто – рече Димитровски.


Натпреварот беше изедначен имавме предност во поголемиот дел од мечот, штета што оваа победа ќе се памети по немилиот инцидент кој го испровоцираа гостите, а не по нашата одлична игра и победа – истакна крилото Крсте Андовски кој четири пати ја тресеше битолската мрежа.

Во наредното коло охриѓани гостуваат кај Младост во Ресен. Првиот меч заврши со триумф на охриѓани 28-23.

М.П.