Со погодокот на пивотменот Атанас Поп-Стефанија на пет секунди од крајот на мечот охридските сини освоија бод со Пелистер ремизирајќи 22-22 (11-10) во 11-та рунда од Супер лигата. Со второто реми на домашен терен избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски ставија точка на серијата од четири порази во низа.

По минутата одмор „гладијаторите“ влегоа во гол серија која до 22-та минута ги донесе до „егал“ 8-8, а со голот на Трифуноски и до прво водство од 9-8. Тоа домашните ракометари знаеаја како да го сочуваат до крајот на првиот дел и на одмор заминаа со плус еден 11-10.

Тогаш се разбуди охридската публика која не ги остави на цедило домашните ракометари. Поддршката од целата сала им даде дополнителен мотив на охриѓани кои го анулираа водството на битолчани и влегоа во драматична завршница.

На семафорот стоеше (59:55) кога „пикерот“ Поп-Стефанија со погодок ја круниса маестралната асистенција на Бојан Белевски и донесе историски бод за охридскиот состав.

Охрид : Пецаков (2 одбрани), Китевски, Костески (11 одбрани), Анѓелкоски, Томоски, Андоновски 1, Б. Белевски 1, Мирков, Николовски, Трифуноски 4, Тасески, Поп-Стефанија 3, Соколов 3, Крстески, В. Белевски 3, Димитриоски 7.
Пелистер : Нкуингуа (12 одбрани), Талевски, Игнов, Дрогришки 5, Блажевски 4, Димитриовски 3, Босеовски 1, Рајатовски, Вешовски 5, Димитриески 2, Стефаноски, Нечков, Митревски, Чурлески 2, Божиновски, Печенковски.
Мх.П.










