Охридскиот веслачки клуб „ЈУГ“ е нов државен првак во веслање за 2010 година. На државното веслачко првенство што викендов се одржа на Дебарското Езеро во Дебар во пионерска, кадетска, јуниорска и сениорска категорија, веслачите на В.К. „ЈУГ“ Охрид од десет трки кои беа на програмата освоија осум златни медали односно осум први места.


Исабела Димовска во скиф за пионерки, Наум Поп Стефанија и Стефан Иваноски во дублскул за пионери, Зорица Јованоска во скиф за јуниорки, Филип Трпески во скиф за јуниори, Наум Поп стефанија во скиф за пионери, Александра Ивановска во скиф за сениорки, Исабела Димовска и Ивана Савиќ во дубалскул за пионерки и Никола Ѓорески и Филип Трпески во дублскул за кадети победија во своите категории.

Со осовоени 59 поени Веслачкиот клуб „ЈУГ“ го освои првото место и стана државен првак во веслање за 2010 година.

М.П.