Комисијата за спроведување на натпревари при Ракометната Федерација на Македонија прекинатиот ракометен натпревар меѓу Охрид и Ринија го регистрираше со службен резултат 10:0 за РК Охрид 2011 и минус 1 (еден) бод од бодовното салдо на РК Риниа М.

Комисијата поради влез на навивачите на терен го казни РК Охрид 2011 со парична казна во висина од 15.000,00 (петнаесетилјади) денари , како и со играње на 2 (два) натпревари како домаќин без присуство на гледачи. Казната важи за наредните 2 (два) првенствени или куп натпревари како домакин.

Ракометарот на РК Риниа М Арифи Џеваир е казнет со забрана на играње во траење од 6 (шест) месеци. додека ракометарот на РК Риниа М Асани Гафур помина само со опомена.

Ohridnews