Охриѓани гласаат. Уште од раните утрински часови можеше да се забележи поголема раздвиженост низ градските улици, невообичаена за едно неделно утро. Секој од нив со различни убедувања, но сите изразуваат надеж дека изборите ќе поминат мирно, во фер и демократска атмосфера.

Секогаш излегувам на избори. Очекувам да си ја задржиме државата, луѓето масовно да гласаат. Ова е референдумско прашање, вели наш сограѓанин.

За жал ниту една власт досега, она што го барав од државата и што ми е овозможено со закон за денационализација- да ми се врати одземениот имот од мојот татко, досега не го направи. Само мал дел, се водат судски спорови. Сум разочаран, но без оглед на тоа, го исполнав моето граѓанско право и гласав, вели гласач на избирачкото место 1253.

Од новата влада очекувам да продолжи да работи според нашата волја, по нашите убедувања, како што сакаат граѓаните да биде, вели анкетиран гласач од ИМ 1253.

Очекувам граѓаните да излезат во што поголем број и да го дадат својот глас за оној за кој сакаат. Се надевам дека изборите ќе минат во фер и демократска атмосфера, изјави гласач од изборното место 1250 во стариот дел од градот.

Претседателите на избирачките места нагласуваат дека тие се отворени на време, точно во 7 часот утрово и дека гласањето се одвива непречено.

OhridNews