– Како и секој меч со Струга така и овој е од посебно значење. До сега не сме биле во ваква ситуација на табелата затоа дербито ќе добие посебна димензија. Мотивираноста е голема, да се биде дел од ова дерби е посебно, а да се игра пред толкава публика мораш да дадеш се од себе – рече “командандот“ на охридската одбрана Иван Тасевски.
Во “еден два“ средбата ќе решаваат нијанси. Охриѓани ја имаат најдобрата одбрана во лигата додека Струга го има најдобриот напад.
– Треда да се посветиме максимално во одбраната бидејќи тоа е нашиот стил на игра. Да изигравме со срце и да ги спречиме нашите противници во постигнувањето на лесни голови. Нападот да биде смирен сталожен на моменти дрск и така сите заедно да ги споиме коцките за победа над лутиот ривал – потенцираше Тасевски.
За победа се потребни повеќе голови од противникот, за тоа десното крило на Охрид, Аце Трифуноски е подготвен.
– Немаме многу опции, сезонава два пати претрпевме порази и не сакаме уште еднаш да ја разочараме нашата верна публика. Одиме на победа по секоја цена – порача Трифуноски.