Помош пристигнува од сите страни за семејството Садик, чија куќа изгоре целосно во пожарот што се случи на 9-ти јануари.

Семејството кое остана без покуќнината и спомените кои ги проголта огнот, времено е сместено во друга куќа, каде ќе остане до санација на нивниот дом. Локалната самоуправа најави дека ќе ја помогне обновата на домот на Садик со средства од буџетот, а помош понудија хуманитарни организации и граѓани.

Лајонс клубот „Лихнидос“ обезбеди помош во прехрамбени продукти и средства за лична хигиена, а Црвениот крст донираше покуќнина и друга неопходна помош. Исто така голем број граѓани индивидуално понудија помош за семејството Садик кое живее тешки моменти.

Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, кој вчера се сретна со семејството Садик, упати апел до охриѓани и хуманитарните здруженија и организации да покажат солидарност и да помогнат во обновата на домот на семејството Садик.

OhridNews