Нивото на Охридското Езеро е во покачување и речиси е на максималната кота (макс.693,75 м.н.в.) договорена со Билатералниот договор помеѓу Македонија и Албанија, која бара нивото на езерото уште да се подигне за да се спречи излевање на реката Дрим на нејзина територија. Тоа според жителите на крајезерските населби може да биде опасно затоа што состојбата е загрижувачка. Одредени природни патеки кои мештаните на Канео ги користеа за комуникација со центарот веќе се под вода, а жителите во куќите до езерото стравуваат дека состојбата може да ескалира доколку временските услови бидат неповолни.


Постарите охриѓани се присетуваат на 1962-3та година кога, како што велат, водата била многу надојдена. Стававме вреќи да се заштитиме од водата и молевме Бога да не фати бран, вели Кузман Поп Стефанија – жител на Сараиште. Според него состојбата сега не е таква, но е загрижувачка.

– Нивото на езерото не е над нормалата, но висока е водата и ако го затворат Дрим како што се слуша ќе биде лошо, поготово ако фати убав „Југ“ може богами и да поплави некои куќи“, вели Поп Стефанија.


Било и полошо – Кузман Поп Стефанија

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека состојбата на изворите на Дрим во Свети Наум, како и на испустот кај Струга будно се следи и дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за да се спречи евентуално излевање на езерото.

Г.М.