Покрај тоа што ѓубре и најразличен отпад се расфрла во периферните делови од градот, купиштата смет се честа слика и во централното градско подрачје.
-Во центарот на градот, во близина на градскиот Чинар, заради задоволување на потребите на правните субјекти кои егзистираат на овој простор, имаме поставено неколку специјални контејнери за депонирање на картони и хартија. Но за жал контејнерите остануваат празни, а картоните се расфрлани во околниот простор.-велат од “Комуналец”.
Како друг пример за непочитување на јавната хигиена во Центарот на Охрид го наведуваат и оставањето на зелен отпад околу контењерите на Булевар Туристичка.
-Пред една недела со апел ги известивме граѓаните зелениот отпад да го оставаат уредно спакуван во најлон кеси, потоа постојано со флаери ги информираме граѓаните за начинот на депонирање на зелен отпад, во месец април организиравме акција за подигнување на зелен отпад, но нашите заложби се залудни, кога овие слики постојано се повторуваат.-велат “Комуналците” и нагласуваат дека крајно време е Инспекциските служби да ги санкционираат овие појави кои континуирано се повторуваат.